Писмо на намери е доставено од страна на градоначалникот на Битола, м-р Владимир Талески на првата седница на одборот на СЕХА лигата во кое општина Битола се заложува за учество на ракометниот клуб на Пелистер во третата регионална сезона на оваа лига. Со ова градоначалникот и општината даваат максимална поддршка на управата на ракометниот клуб Пелистер за вракање на ракометниот клуб на старите патеки и влез во СЕХА.
Во писмото стое дека општина Битола би обезбедила спортска сала за одржување на натпреварите, соодветна подлога, рекламни паноа и финансиска помош за клубот.
Со оглед на тоа што судските трошоци, патувањата и сместувањето на сите гостински мечеви се обезбедени од спонзорот “Гаспром“, извесно е дека на Пелистер му недостига само уште зелено светло од СЕХА лигата и веројатно најважното, компетитивен тим во оваа квалитетна лига. Лигата од наредната сезона ќе се вила “Јужен тек“, а генерален спонзор ќе биде рускиот енергетски гигант “Газпром“.
Спонзорот „Газпром – јужен тек“ се обврза дека ќе им ги исплаќа на сите клубови, патните и судиските трошоци, сместувањето, а за возврат клубовите треба да обезбедат натпреварите да се играат со минимум 2.000 седишта на домашен терен, како и да обезбедат 50 отсто од ТВ преносите.